Кошарка
15. August 2017 - 16:42

Стојановски директор на младинската школа на МЗТ Скопје Аеродром

Поранешниот репрезентативец на Македонија и кошаркар на МЗТ Скопје, Огнен Стојановски од денеска и официјално е назначен за директор на младинската школа на МЗТ Скопје Аеродром.
Огнен Стојановски е добро познато име во македонската кошарка и дел од спортското семејство Стојановски (брат на близнаците Војдан и Дамјан). Тој во својата кариера има освоено десет титули првак на Македонија (пет со Работнички, три со МЗТ Скопје и две со Фени Индустри), како и осум пехари во Купот на Македонија (четири со Работнички, три со МЗТ Скопје и еден со Фени Индустри).
Во измината сезона Стојановски беше дел од тренерскиот кадар на МЗТ Скопје Аерпдром, како претводник на селекцијата на играчи до 16 години.
Поставувањето на Стојановски на оваа позиција е давање шанса со цел за подобрување на резултатите на клубот во помладите категории.