Стојанче Ангелов: Додека пожарникарска чизма не згазне на земја пожарот не е изгаснат

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во интервју за Сител на прашање дали годинава доколку дојде до шумски пожар би ни требало помош од надвор одговори дека хеликоптерите и авионите помагаат во гаснење на пожарите но луѓето се тие кои целосно го гаснат пожарот.
- Не знам дали знаете но во последните 7 дена имавме повеќе од 10 сериозни шумски пожари секојдневно, во текот на вчерашниот ден имавме 2 пожари, завчера имавме 3 сериозни пожари, претходно во понеделникот имавме 3 пожари, во неелата 1 пожар и во саботата 3 сериозни пожари. Тие се изгаснати релативно брзо и затоа граѓаните не знаат за нив. Хеликоптерите имаат технички ограничувања, над 38 степени Целзиусови не смеат да летат. Така што температурата е над 38 степени тие не можат да сметаат ниту на хеликоптерите. Мора да се потпреме на човечкиот фактор но има едно воено правило - додека воена чизма не згазне на боиште битката не е добиена, истото важи и за пожарите, додека пожарникарска чизма не згазне на земја пожарот не е изгаснат, хеликоптерите и авионите помагаат во гаснењето, но луѓето се тие кои што го гаснат целосно, го догаснуваат и потоа внимаваат истиот пожар повторно да не се разбуди и распали и да не се прошири, информираше Стојанче Ангелов.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
