Македонија
28. February 2017 - 16:18

Стојанче Ангелов до Заев: Не ја прифаќајте платформата на Албанците

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов денеска го повика опозицискиот лидер Зоран Заев да не ја прифаќа платформата на Албанците.

- Го повикуваме Претседателот на СДСМ, Зоран Заев како следен мандатар да биде внимателен и да си го одржи ветувањето дека нема да биде прифатено ниту едно барање од т.н. Тиранска платформа која излегува од рамките на Уставот на РМ како и надвор од потребите на македонските граѓани, вели Ангелов.