Македонија
15. March 2023 - 11:53

Стоилковски: Спасовски да соопшти колкумина со криминално досие имаат полициско одобрение за оружје

Оливер Спасовски како министер е должен да каже зошто Комисија формирана од него, а водена од Музафер Каришиќ дала одобрение за оружје на Шукри Асани човек со досие од криминалната група Грчец на сега ликвидираниот Жила?

Спасовски како министер е должен да соопшти колкумина со досиеја од групата на ликвидираниот Жила имаат одобренија за оружје од Комисија на МВР формирана токму од Спасовски?

Спасовски и неговиот пулен, началникот на крим полиција, Музафер Каришиќ, мора да соопштат колкумина со крими досиеја од списокот „Безбеден град“ имаат добиено одобрение за оружје?

Дали МВР со Комисијата на Каришиќ и Спасовски одобренија за оружје давале само на членовите на групата Грчец или и на другите крими групи во Скопје?

И дали списокот со 50-тина криминалци од планот „Безбеден град“, всушност е список за давање на дозволи за оружје?

Спасовски да соопшти колкумина во Македонија со криминално досие во полиција имаат полициско одобрение за оружје?

Имињата коишто недостасуваат на листата „Безбеден град“ се токму Оливер, Музафер, Сашо.

СДС го претвори МВР во подружница на мафијата и издава од пасоши до одобренија за оружје.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ