Стоилковски: Скопски општини се во опасност од пожари, а каде е Шилегов?
Каде е Шилегов? Скопски општини се во опасност од пожари, а каде е Шилегов?
Скопски општини се во опасност од пожари, а Шилегов не може да се освести од одмор. Никаде го нема!
Воведена е и се уште е активна кризна состојба во државата, војскатае активирана на терен, атарот на Сарај не може да го изгаснат, а Шилегов едноставно го нема, штрака на Фејсбук!
Дали е вратен или не од Хрватска не е ни важно, затоа што никаде го нема. Се сокрива зад Фејсбук статуси пишувани веројатно од администрацијата. Остава впечаток дека него состојбите воопшто не го интересираат. Веројатно се уште е под импресии од одморот во Хрватска каде замина, додека сета Македонија беше на нозе да гасне пожари и да нуди помош. Сета, освен дезертерската Влада.
Е па ако нема збор за пожарите, ако нема збор за кризната состојба, Шилегов нека излезе јавно да каже: дали одмораше во Хрватска, како си поминал, дали бил во екстралуксузниот хотел Монте Мулини во Ровињ, нека каже дали за шест ноќевања за двајца чини 12.300 евра, или преку три просечни македонски плати за едно ноќевање? Нека каже што е тоа што толку го импресионирало па не може да се освести за состојбите во Македонија и околу Скопје?
Почитувани, Македонија минува низ најголемата, незапаметена до сега кризна состојба, пожари на секој чекор ја пеплосуваат, а Шилегов по теркот на познати дезертери замина на одмор во Хрватска. На околината на Скопје ќе се свести кога ќе ја види картата со гласачи, па повторно од таму во Сарај ќе ветува езера и одморалишта!
Нема полошо за Скопје од Шилегов, нема полошо за Македонија од СДСМ!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН