Стоилковски: Шест месеци ЈО нема никаква реакција по кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ против Зоран Заев

Точно шест месеци Јавното обвинителство нема никаква реакција, соопштение, информации, што е сработено и дали воопшто е постапено по Кривичната пријава која што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ против премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој што јавно на митинг во Крива Паланка повика на поткуп при избори што е спротивно на чл. 160 и чл.162 од Кривичен Законик и тоа е казниво дело.
Почитувани, согласно препораките од 2003 година од Комитетот на министри при Советот на Европа, до земјите членки за обезбедување на информации преку медиумите што се однесуваат на криминалните истраги, стои дека за истраги коишто се во интерес или привлекуваат големо интересирање во јавноста, властите би требало да ги информираат медиумите за нивните постапки, до оној степен што не би значело попречување или одложување на истрагата. Во случаи на подолги постапки, се заклучува во препораката, овие информации треба редовно да бидат доставени до медиумите.
Почитувани, кривичната пријава е поднесена на 18-ти септември, точно пред шест месеци лани, среде кампањата за референдумот, а и денес, шест месеци подоцна нема никаква информација. Според постапките на Јавното обвинителство, или сметаат дека кривичната пријава против премиерот за поткуп во изборни цели, за случај од вонредно значење или дека не предизвикува интерес, или за нив шест месеци не е долг период!
Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе оваа Кривична пријава бидејќи Јавниот обвинител не постапи согласно надлежностите предвидени во чл. 39 од Законот за кривична постапка односно не отвори постапка против Зоран Заев по јавно допрен глас. Со Кривичната пријава го доставивме и видео материјалот на кој што се слуша како Зоран Заев јавно повикува на поткуп, каде што се слуша како признава дека еден бизнисмен, односно сопственикот на „Минстрој“, веќе му ветил на Заев дека ќе ги награди работниците доколку излезат на претстојниот тогашен референдум.
Почитувани, правото и правдата ќе се вратат, со масовна поддршка и гласови за Гордана Силјановска Давкова, со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори.
Ново на Сител
-

Трамп го обвини Техеран за нападот врз женското училиште во Иран со над 160 жртви
-

Најстудено во Берово -3 степени, преку ден до 17 степени и можен слаб дожд
-

Австралија размислува за помош на земјите кои се мета на ирански напади
-

Еден-два победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1
-

Жените во ЕУ земаат просечно 24,5% пониски пензии од мажите, во Македонија за 18,2%
-

„Права. Правда. Акција. За СИТЕ жени и девојки“ - кога правдата ќе потфрли, жените ја плаќаат цената
-

Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови
-

Променливо облачно, температури до 16 степени
