Стоилковски: Продолжува партизацијата на институциите
– СДСМ и Зоран Заев во паника од поразот, во очи на избори бесрамно продолжуваат со предизборни вработувања и партизација на институциите. Во очи на распуштање на парламентот и формалното започнување на предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања во државната АД ЕЛЕМ.
Ова е чиста партизација, ова е чист непотизам во изборни цели на власта во заминување. Ова не е прв случај на полнење на АД ЕЛЕМ, на полнење на РЕК Битола, или на АД МЕПСО, полнење на државните енергетски компании во овој предизборен период. ЕЛЕМ како дел од државните компании каде платите се неколкукратно повисоки од просечната постојано периодов е цел на полнење со луѓе од партиските тефтери на СДСМ.
Потсетуваме дека на 8 дена пред техничка влада ЕЛЕМ распиша оглас за вработување нови 30 лица. Претходно имаше оглас за 200 лица во РЕК Битола, а за во МЕПСО наводно беа потребни 63 лица. Не вработуваа инженери или други стручни лица потребни за работа на ова претпријатијата, туку разни советници, книговодители, раководители. Каква е намерата за итност за вакви вработувања пред избори, ако не е полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи.
СДСМ и Заев се во паника. Ваквото однесување на СДСМ, на Заев, на власта во заминување фрла сериозен сомнеж, но и го доведува во прашање амбиентот на изборниот процес.
СДСМ и Заев се виновни за сите порази, измами и криминали, на 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе.
Ново на Сител
-
Малолетници во автобус вознемирувале девојче и го допирале по телото, едниот од нив се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици