Стоилковски: Обвинителството за организиран криминал да отвори истрага за нападнатиот полицаец ноќта на 3 јуни
Во интерес на јавноста и во интерес на МВР е ЈО за организиран криминал да отвори истрага за сиот случај ноќта од 1:45 минути на трети јуни, кога при акција на ЕБР во Градски парк пред дискотека, нападнат, фатен за врат и тепан со боксови е полицаец, група од четири лица е приведена во полициска станица Карпош заради наркотици. Но кривично правниот настан (нападот) е заведен дури во 6:30 минути сабајлето, цели пет часа подоцна, и во него се споменуваат три лица!
Почитувани, ЈО за организиран криминал мора да ги расчисти околностите за коишто постојат многу индиции, а фрлаат огромен сомнеж за партизација, самоволие, неказнивост и злоупотреба на МВР.
Почитувани,
Наместо соопштенија од МВР, во интерес на јавноста е ЈО за организиран криминал да одговори, и тоа по редослед;
· Зошто во ПС Карпош минуваат 5 часа од записникот за приведување на 4 лица, до заведувањето на нападот врз полиција со вклученост на 3 лица?
· Дали во попречувањето на полициската акција во Градски парк, пред дискотека, учествувал и синот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски?
· Дали имало присуство и лично на директорот на БЈБ Сашо Тасевски?
· Дали има злоупотреба на овластувања и е правен притисок врз ПС Карпош од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски или негово семејство, за изземање на лице од случајот, односно менување факти?
Почитувани,
Премногу скандали се поврзани со недозволено оружје, недозволени материи, недозволиво однесување и сето тоа е проследено со неказнивост, што се поврзуваат со директор на БЈБ!
Сашо Тасевски единствено има партиска заслуга за позицијата, а молкот на институциите кон овие скандали е потврда за постоење на неказнивост!
Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
