Стоилковски: Обвинителството сериозно да се позанимава со Артан Груби
Зад дивоградба со површина од над 160 m² во Бутел има сомневање дека стои Артан Груби, а градител е негов братучед, што директно е покажување на сила и уживање во неказнивост!
И кога општински инспектори го сопираат делото, со партиски соопштенија тој шири повици за етнички мотивирани дејства. Класична злоупотреба на функцијата, партијата и етничката припадност!
Кога Груби преку партиски соопштенија ја манипулира јавноста дека наводно некој забранува Албанци да градат, Груби мислел на семејната дивоградба!
Ниту некој е против градба, ниту сопирањето на дивоградбата има етничка заднина, ВМРО-ДПМНЕ е против криминалот, а градење без документи е криминал! И тоа го боли Артан Груби!
И затоа Артан Груби се сокри!
Никој повеќе не му верува за таложењето на богатството: нереално евтина цена за огромен локал на ул. „Македонија“ во Скопје, отворање фирма за баждарење на бензински пумпи, багателна продажба на хотел на Попова Шапка, пари префрлани од министерството на Груби до семејната фирма, надзор вреден 22 милиони евра, а сега на сето тоа градење на диво, на габарит од над 160м²!?
Вистинско време е обвинителството сериозно да се позанимава со него!
Криминал е криминал и злоупотреба на функцијата е злоупотреба, дури и за Артан Груби! Со секој нов скандал на Груби, Македонија тоне, младите бегаат, а институциите недостоинствено виткаат кичма! Артан Груби со своето скандалозно криминогено делување, газењето на законите, девастацијата на функцијата, претворањето на етничката припадност во професија, нанесува срам и огромна штета на Македонија и особено на Албанците во Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер