Стоилковски: Објектот на Усеини, советник од ДУИ, е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас
Зоран Заев и неговиот клан секојдневно продолжуваат да го понижуваат народот. Како што беше Заев осомничен за Поткуп, а Зоран судски реформатор, така советникот од ДУИ Усеини отвора Дивоградба, а Нефи се пријавува да руши дивоградби!
Ова самоволие е намерно газење врз интелигенцијата на граѓаните.
Заев најавуваше дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат објектите!
Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците испратија друг законски текст.
Тука градоначалникот прво вели немамо капацитет за толку уривање, па се преброи на прсти. Толку од имплементацијата на препораките од УНЕСКО.
Најавија уривање, а на тендерот им конкурира фирма која што градела на диво.
Објектот на Нефи Усеини, советник од ДУИ, е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас. Откако почна да ја гради во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата, само му е било испратено решение од Општина Охрид за рок од десет дена сам да ги урне конструкцијата и платформата. Ене го зад мене цел објект изграден, Рамиз Мерко, екс министер во владата на Зоран Заев му ја отвори, а сега истиот оној кој што ја изгради и што не се сруши кога му беше испратено решението сега конкурира на конкурс од Општина Охрид да рушел дивоградби. Каква дрскост каква неспособност каква навреда кон граѓаните од кланот на власт.
Владата вметнува одредби во законското решение со кои што новиот Совет треба да одлучува со Бадентер што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, што е класично политизирање на едно прашање кое што е од областа на екологијата и кое што нели треба да реагираат само експерти.
Почитувани вакво зафркавање со народ и со држава немало и ќе нема! Вакво самоволие и непочитување на елементарните морални норми од власта нема никаде.
Македонија се соочува со девастација, најмногу морална. Дивоградбата на власт мора да замине, избори мора да се распишат, достоинството и обновата мора да започнат што побрзо.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден