Стоилковски: Молкот на институциите поттикнува се беззаконие
Молкот на институциите поттикнува се беззаконие. По скандал со дуќан беспари во Скопје, скандал со хотел на Попова Шапка, скандал со фирма за баждарење бензински пумпи, скандал со пари од министерство во семејна фирма, скандал со фирма за гаќи за надзор, неказнивоста е до толку голема да за спречување на дивоградба да користиш и обвиниш за етнички базирана одлука!
Почитувани, зад дивоградба од 160m² во Радишани стои самоволие и неказнивост.
Општина Бутел сопира градење без документи, дивоградба за која има основано сомневање дека зад неа стои Артан Груби, а градител е негов братучед.
Градбата е почната без документи, општината ја запира, а Артан Груби со партиски соопштенија обвинува дека на Албанци им се забранувало да градат.
Почитувани, срамен е молкот на институциите што поттикнува се поголемо беззаконие.
Се додека јавноста сведочи за неказнети афери и скандали со илјадници и милиони евра, Македонија се подлабоко ќе тоне во сиромаштија и иселување!
Граѓаните немаат доверба во институциите, а ликови како Артан Груби уживаат во неказнивост и недопирливост.
Ова мора да има крај!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
