Стоилковски: Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Спасовски?
Оливер Спасовски се крие зад флоскули на Фејсбук и не одговара на колку криминалци со досие од списокот „Безбеден град“, МВР со Музафер Каришиќ им издале дозвола за оружје?
Дали Каришиќ со комисијата составена од Оливер Спасовски дал одобрение за оружје за Шукри Асани, лице со досие, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка во Скопје?
Чуму листа на криминалци со досиеја за тежок криминал, чуму проверки, покривање, следење и обработка, чуму план „Безбеден град“, ако Каришиќ со комисијата на Спасовски им дава дозвола за оружје?
Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?
Ова се прашања коишто не смеат да се игнорираат!
Каришиќ е лице од доверба на Спасовски и на Тасевски, а началникот на крим-полиција е и прв во комисијата за Одобренија за оружја!
Срамота е Спасовски да се крие на Фејсбук по скандал дека полиција дава дозволи за оружје на криминалци, додека се случуваат брутални мафијашки ликвидации во центарот на Скопје.
Македонија ова со ништо не го заслужила! Неопходни се одговори и одговорност, а не шурување со криминалот.
Ново на Сител
-
Почина актерката Радмила Живковиќ, нам позната како луда Дока
-
Укината целосната забрана за движење во шума
-
Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба
-
Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена
-
Македонија ќе се снабдува со гас од Грција од 1 октомври
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Туфегчиќ: Јас бранам потполно невин човек
-
Просечната нето плата во јули 40.961 денар