Стоилковски: Количеството на отровен сулфур диоксид во воздухот е три пати над дозволеното
На ова место СДСМ ветуваа чист алпски воздух, а добивме чад и сулфур.
Македонија тоне во отровен смог. Неколку фабрики на олигарсите блиски до Зоран Заев ја загадуваат државата со отровен сулфур диоксид. Граѓаните се трујат, а олигарсите на Заев заработуваат.
Концентрацијата на сулфур диоксид во воздухот во државата е 3.4 пати над националниот плафон, а плафонот на прашина повеќе од два пати, ова не се мерења на мерните станици, кои според власта не мерат точно, ова е извештај на Европската енергетска заедница во Виена.
Годишно во атмосферата се емитуваат 53.855 тони сулфур диоксид, тоа е 3.4 пати повеќе од дозволеното, што изнесува 15.855 тони.
Скопје и Македонија континуирано се гушат. Сулфур диоксидот е отровен за луѓето, животинскиот и растителниот свет.
Зголеменото ниво на сулфур диоксид во атмосферата влијае иритирачки на кожата, очната мембрана и дишните патишта. Високата концентрација на сулфур диоксид како во Македонија предизвикува иритирање и болести на респираторниот и кардиоваскуларниот систем.
Под ризик од огромното присуство на сулфур диоксид во атмосферата се луѓето со белодробни заболувања, децата, возрасните над 65 години и луѓето кои работат на отворено.
Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи три мерки кои итно мора да бидат преземени. Очекуваме од Заев и Шилегов минимум одговорност и да го преземат неопходното веднаш.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња