Стоилковски: Дивоградбата на Шилегов видлива за сите, институциите се кријат
Петре се крие, дивата надградба сама се открива!
Ова се фотографии од семејната зграда на Петре Шилегов направени вчера.
Тука најдобро се гледа линијата до каде бил кровот, се гледа линијата над до каде бил сртот, што е над тоа градено.
Реконструкција значи задржување на обемот, висината, ширината и должината на објектот. Ова тука е надградба. А за тоа Петре Шилегов нема дозвола.
Надградба без дозвола е криминал!
Оваа фотографја покажува менување на габаритот на објектот, во споредба со неговите соседи од лево и од десно на зградата на Петре Шилегов. Распуканите ѕидови уште од сега, откриваат точни линии на стариот објект. Тоа покажува и можна промена на статиката на објектот. Наместо кровна конструкција- цел спрат! Тоа може да доведе до опасност по животот, на домашните, на соседите и на нивниот имот.
Но инспекторите молчат и се кријат. Ги нема на терен единствено кај градоначалникот на Скопје во заминување Петре Шилегов.
Инспекторите молчат, дивоградбата зборува сама за себе.
Шилегов без дозвола крена замок во Карпош, ја зголеми вредноста на зградата за 100тина илјади евра, се тоа со познати фирми, а никој, ама никој од надлежните не се заинтересира.
Списокот е долг, и секој ден се надополнува со оние кои што со молк и со дела стануваат алка во злосторничко здружување!
Нема ништо полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања