-->
-->
Стоилковска со неверојатни пресврти во двата сета победи во 1.коло во Хамамет
-->

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успеа да се пласира во 2.коло на фјучрсот во Хамамет Тунис. Таа во мечот од 1.коло со два неверојатни пресврти стигна до победа од 2-0 во сетови (6:4 и 7:5 во гемови). Мечот траеше 1 час и 52 минути.
Стоилковска која настапува со „вајлд карта“ ја победи квалификантката Дарија Чернецова. Противничката во првиот сет поведе со 3:0 во гемови, а Стоилковска освои пет гема во серија за водство од 5:3 и сетот го доби со 6:4. Во вториот сет Чернецова водеше и со 5:0 во гемови, но нашата тенисерка имаше серија од седум гема за победа во мечот.
Во следната рунда ќе игра со победничката од мечот Франческа Џонс (Велика Британија) - Жаде Сувријн (Франција, 6.носителка).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор
-

Анима Мунди: Kучиња со ушни маркици од Албанија донесени во Скопје
-

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет
-

„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор, тече рокот за уплата на еднократниот надомест од 8.020.003 евра
-

Вонредна состојба поради невремето во 10 српски општини
-

Гаши е за редовни избори, но не и за техничка влада
-

Во пакет наменет за затвореник во Идризово пронајдени 220 таблети
-

Со автомобил влечел тинејџерки на санка во Србија, при падот тие биле прегазени од друго возило
