Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи нејзините предлози за избор на Алинда Кадри Шакиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска за членки на Судскиот совет.
За двете кандидатки таа рече дека изборот го направила согласно нивната стручност и компетентност, како и високата професионалност и личен кредибилитет, притоа истакнувајќи дека реформите во областа на правосудството треба да ги водат личности кои се препознатливи во својата област на делување.
- Од дискусиите овде, и не само овде туку во јавноста општо, јасно беше дека Судскиот совет стана фактор на криза во судството... Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку пред се заради нивната стручност и компетентност, рече претседателката.
Сиљановска – Давкова ја искористи можноста да посочи и на важноста на етичката димензија, како предуслов за независно судство, покрај професионалноста и компетентноста.
- Судскиот совет е рентгенот, микроскопот, во него треба да седат луѓе кои ќе треба да оценуваат врз основа на тоа што го имат како квалификација, но и врз основа на интегритетот и дигнитетот...Во правото најважни се законитоста, уставноста, етиката, бидејќи само таков орган ќе може да одлучува за дисциплинска одговорност, за избор на судии, разрешување судии...рече претседателката.
Таа уште нагласи дека реформите во судството почнуваат токму во Судскиот совет.
- Ако во Судскиот совет регрутираме луѓе посветени на правото, луѓе стручни и компетентни во областа, мислам дека тоа ќе значи промовирање на исти критериуми и при изборот на судиите, одговорноста на судиите и се разбира, очекувам нешто што додека бев пратеничка не го видов – да добиваме извештаи од Советот што ќе бидат аргументирани, во кои не само што ќе се детектираат проблеми туку и начини за нивно надминување, извештаи кои ќе значат исчекор во реформите, рече претседателката Сиљановска – Давкова.
По обраќањето на претседателката, на барање координаторот на пратеничката група на ДУИ беше дадена едночасовна пауза, така што се очекува Собранието да продолжи со работа во 14 часот.
МИА
Ново на Сител
-

„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор, тече рокот за уплата на еднократниот надомест од 8.020.003 евра
-

Вонредна состојба поради невремето во 10 српски општини
-

Гаши е за редовни избори, но не и за техничка влада
-

Во Идризово при претрес пронајдени 220 таблети кај затвореник
-

Со автомобил влечел тинејџерки на санка во Србија, при падот тие биле прегазени од друго возило
-

Струмичанец со автомобил удрил полициски службеник и побегнал
-

Обид за грабеж на бензинска пумпа во Кисела Вода
-

Се запали куќа во Центарот на Скопје - нема повредени
