Тенис
22. May 2017 - 18:07

Стоилковска се избори за настап на фјучрс во Анталија

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска успеа да се пласира на главниот турнир од фјучрсот во Анталија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Стоилковска во двете квалификациски кола ги победи: Ксинјиу Цаи од Кина со 2-0 во сетови (6:4 и 6:1 во гемови) и Викторија Глотова од Русија со 2-0 во сетови (6:1 и 6:3).
Во првото коло од турнирот таа ќе игра против Пиа Суомалаинен од Финска, додека во игра на двојки заедно со Ева Кајевиќ од Хрватска ќе играат против Мелани Кривој од Аргентина и Ноелиа Зебалос од Боливија.