-->
-->
Сто дена до стартот на ЕП во фудбал
-->
За точно 100 денови, во Франција, ќе започне Европското првенство во фудбал, настан кој заедно со Олимписките игри во Рио де Жанеиро, на спортски план ќе ја обележи 2016 година.
Европското првенство, прво на кое ќе учествуваат 24 репрезентации, ќе започне на 10. јуни, а со оглед на околностите и заканите од тероризам, темите од областа на безбедноста доминираат на состаноците на УЕФА.
Франција во изминатите две години, доживеа страотни терористички напади, а во крвавите напади кои се случија во ноември минатата година, една од метите на терористите беше и пријателскиот меч помеѓу Франција и Германија. За среќа, бомбашот самоубиец, не успеа да влезе на стадионот.
Поради ваквите закани, УЕФА и француските безбедносни служби, работат на плановите како да постапуваат во случај на закана или, пак, на терористички напад.
„Можно е натпреварите да бидат преместувани од еден во друг град, во зависност дали постои опасност од евентуални напади. Доколку се појави безбедносен проблем, тогаш би требало натпреварот да се игра без присуство на публика. Доколку сакате да преместите голем број луѓе, тие сепак не би имале време навремено да стигнат во друг град, за да следат одреден натпревар“, рекол директорот на натпреварувањето, Мартин Кален.
Тој посочил дека во моментов нема сознанија за евентуални закани или за влошување на безбедносната состојба. Сепак, тој нагласува дека организацијата на претстојното Европско првенство ќе биде вистински логистички потфат, како што вели „ќе следат регирозни контроли за сите кои ќе сакаат да влезат на стадионите“.
Дополнителен предизвик за француските безбедосни служби ќе биде и како да се заштитат навивачите кои ќе пристигнат во француските градови и кои вообичаено се собираат на главните градски плоштади.
„Очекуваме илјадници англиски навивачи. Навивачи кои ќе имаат влезници и илјадници кои во Франција ќе дојдат без влезници“, згрижено порачуваат од англиската амбасада во Париз.
Континетланото првенство ќе трае 32 дена, ќе се одигра 51 натпревар на десет стадиони ширум Франција.
Европското првенство ќе започне на 10.јуни, а ќе заврши на 10 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата