Стипендии за 315 ученици Роми запишани во прво одделение

Вкупно 315 ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/20 година ќе бидат стипендирани во рамки на проектот „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“.
Конкурсот е финансиран од Европската унија, а го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор. Целта е да се обезбедат стипендии за вклучување на што поголем број деца Роми во основното образование кои редовно ќе посетуваат настава.
Конкурсот се однесува за период од една учебна година, а стипендијата од 400 евра годишно е наменета за покривање на трошоците за школување, храна, облека, училишен прибор и материјали, спортска и
друга опрема за учениците.
Ќе можат да се пријават ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година, чии семејства се приматели на гарантирана минимална помош, но кои не се корисници на друга стипендија
обезбедена со финансиски средства од Европската Унија. Притоа, семејствата нема да го изгубат правото на гарантирана минимална помош.
Редовните ученици, како и оние кои успешно ќе поминат во следното одделение, ќе можат да ја задржат стипендијата за тековната година и потенцијално да ја обноват за следните две учебни години.
Крајниот рок за пријавување е 10 декември, а повеќе информации за конкурсот може да се најдат на
веб-страницата на Фондација Отворено општество – Македонија на линкот https://bit.ly/2XiFXAj, потоа во просториите на Фондацијата Отворено општество, телефонски на бројот 02/2477107 или преку
електронска пошта redovnonacasovi@fosm.mk.
Ново на Сител
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
