Стипендии од Град Скопје за спортисти – средношколци

До 27-ми овој месец е отворен јавниот повик за доделување стипендии на спортисти – средношколци, ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје за 2020 година. Како што информираат од Град Скопје, целта на стипендиите кои се додлеуваат трета година по ред е да ја зголемат мотивираноста кај младите и талентирани спортисти – средношколци, кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на градот.
Според јавниот повик, право на добивање стипендија имаат државјани на Република Македонија, жители на Скопје (10-те општини на подрачјето на Град Скопје) кои се редовни или вонредни ученици во средно училиште на подрачјето на град Скопје; активни спортисти и спортистки, членови на спортски клуб од подрачјето на град Скопје регистриран во матичната национална спортска федерација; да имаат високи спортски постигнувања во претходната 2019 година и во 2020 година сé до завршување на Јавниот повик, на апликанти кои аплицираат за прв пат; односно, да имаат високи спортски постигнувања во претходната 2019 година од 14.02.2019 година, и во 2020 година сé до завршување на Jавниот повик, на апликанти кои претходно добиле стипендија од Град Скопје.
Предвидено е да се доделат 120 стипендии на средношколци – спортисти, кои ќе добиваат стипендија во вкупен нето износ од 24.000 денари во тековната 2020 година.
Сите заинтересирани овој јавен повик може да го погледнат на веб-страницата на Град Скопје а за дополнителни информации може да се јават на телефонските броеви 3297-238 и 3297-320.
Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16), најдоцна до 27.01.2020 година до 19 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
