Балкан
13. February 2017 - 9:40

Стиер: Хрватска мора да има канал за комуникација со Русија

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Давор Иво Стиер изјави дека Хрватска е членка на Европската унија и НАТО, но дека мора да има „канал за комуникација“ со Руската Федерација и најави средба со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. 

Хина јави дека Стиер, при гостувањето во државната телевизија, истакна дека Руската Федерација е „важен актер во југоисточна Европа“. 

- Руската Федерација е важен актер во југоисточна Европа, но во таа комуникација секако дека ги застапуваме нашите ставови и од позиција на членка на ЕУ и НАТО, нагласи Стиер.