-->
-->
Стејт департментот објави нови имејли на Клинтон
-->

Стејт департментот објави нови имејли на кандидатката на демократите за претседател Хилари Клинтон. Електронските писма – вкупно 1.250, биле откриени при истрага на ФБИ за користење приватен сервер на Клинтон при испраќање имејли со класифицирани информации во времето додека била државен секретар.
Кандидатот на републиканците за претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Клинтон и нагласи дека местото и е во затвор, јави ДПА.
Директорот на ФБИ Џејмс Коми одлучил да го извести Конгресот дека Агенцијата почнала со истрага за нови имејли на Клинтон поради стравување за истекување информации. Според извори на кои се повикуваат западни медиуми, малку е веројатно ФБИ да објави детали пред претседателските избори во вторник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
