Стејт департментот го осуди истрелувањето ракети од Северна Кореја
Американскиот Стејт департмент го осуди истрелувањето ракети, извршени од Северна Кореја, со што се нарушува резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и нагласи оти е недозволиво Пјонгјанг да продолжува да прави провокации.
- САД го осудуваат истрелувањето балистички ракети од Северна Кореја, со што се нарушуваат резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации, со кои строго му се забранува на Пјонгјанг да извршува такви истрелувања, изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.
- Ги повикуваме сите држави да ги искористат сите можни канали и средства за дејствување за да и дадат на Северна Кореја на знаење дека натамошните провокации се недозволиви, а исто така да преземат чекори за да и покажат на Северна Кореја, какви можат да бидат последиците од таквите активности, рече тој
Тонер ја повика Северна Кореја да се воздржи од провокативни активности и изјави исто така да ги исполнува меѓународните должности и да се врати на сериозни преговори.
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква