Стејт департмент: Северна Кореја повторно произведува плутониум
Северна Кореја повторно започна со производство на плутониумско гориво, соопшти неименуван висок претставник на американскиот Стејт департмент за американските медиуми.
Како што пренесува Танјуг, тоа покажува дека Пјонгјанг планира да продолжи со својата програма за развој на нуклеарното вооружување, пркосејќи на меѓународните санкции.
Тврдењето од Вашингтон пристигна еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека има „индикации“ дека властите во Пјонгјанг ја реактивирале исталацијата за вадење на плутониум од потрошеното гориво во Јонгбјону, главниот севернокорејски нуклеарни комплекс.
Последните случувања укажуваат дека Северна Кореја сака да обезбеди сигурно снабдување на материјали за боеви глави, прекршувајќи ги меѓународните санкции кои следеа по четвртиот нуклеарен тест годинава.
Американскиот претставник, кој инсистираше на анонимност, истакна дека Вашингтон е загрижен поради новите напори на Северна Кореја за повторно производство на плутониум, но не објасни каква ќе биде реакцијата на САД.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата