Стејт департмент: САД ја продолжуваат борбата против ИД
САД сакаат да ја зајакнат коалицијата која се бори против т.н. Исламска држава (ИД) во североисточна Сирија, изјави неименуван висок функционер од Стејт департментот.
По убиството на лидерот на ИД Абу Бакр ел Багдади, неименуваниот функционер изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој на 6 октомври најави повлекување на американските сили од северна Сирија, со тоа не наговести дека Вашингтон се откажува од борбата против терористичката организација.
– Никогаш не беше идеја да се напушти мисијата за гонење на ИД … Тоа е огромен напор кој продолжува, изјави тој. Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата објави дека Ел Багдади е убиен за време на рацијата на американската армија во северна Сирија, откако се разнесе со експлозив во тунел.
Трамп информира дека 15 минути по смртта на Багдади, бил извршен ДНК тест со кој било потврдено дека тоа навистина е тој.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка