Стејт Департмент: Очекуваме исполнување на претходните договори меѓу Србија и Косово и формирање на ЗСО
САД очекуваат Србија и Косово да исполнат се што е договорено во претходните преговори, вклучително и формирање Заедница на општини со српско мнозинство, пренесе Бета.
„Нашиот фокус е на спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу двете земји, со цел да им помогнеме да развијат помирни, предвидливи односи како соседи, што ќе овозможи поголема стабилност, безбедност и просперитет во регионот. САД и ЕУ очекуваат двете страни да ги исполнат обврските и спроведувањето на претходните договори од дијалогот, вклучително и Унијата на општини со српско мнозинство, што двајцата лидери го потврдија на средбата на 18 март во Охрид“, се вели во писмената реакција на Стејт департментот до Глас на Америка.
Претставниците на Србија и Косово пред точно еден месец во Охрид, со посредство на ЕУ и поддршка на САД, постигнаа договор за анексот за спроведување на претходно прифатениот европски план за нормализација но една од главните точки – почетокот на формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), „која остана главен камен на сопнување“.
Во писмената реакција се додава дека САД остануваат активно ангажирани во поддршката на Србија и Косово за имплементацијата.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава