Стејт департмент: Иран мора да преземе чекори за деескалација на својата нуклеарна програма
Иран мора да преземе чекори за деескалација во однос на својата нуклеарна програма доколку сака да направи простор за дипломатски односи со САД, почнувајќи од соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти американскиот Стејт департмент.
„Во последните неколку недели видовме дека Иран презема чекори за да ја поткопа способноста на МААЕ да ја врши својата работа. Значи, ако Иран е навистина сериозен во преземањето чекори за деескалација, првото нешто што може да го направи е да соработува со МААЕ“, рече портпаролот на Стејт департментот, Мет Милер.
Тој додаде дека чекорите што ги наведе како потенцијален увод во обновените американско-ирански преговори, директно или индиректно, имаат врска со иранската нуклеарна програма, иако тој не даде дополнителни детали.
САД и многу од нивните западни сојузници стравуваат дека иранската нуклеарна програма може да биде параван за развој на нуклеарно оружје, што Иран го негира.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај