Стејт департмент: Братот на Ким Џонг-ун бил убиен со нервен агенс Ви Екс
САД утврдија дека братот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун бил убиен од страна на режимот со нервен агенс Ви Екс (VX), изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Науер.
Овој заклучок налага итно воведување нови економски санкции на САД против Северна Кореја, затоа што агенсот Ви Екс е категоризиран како оружје за масовно уништување.
Ким Џонг-нам беше убиен на 13 февруари 2017 година на аеродромот во Куала Лумпур во Малезија. Аеродромските камери покажаа дека до него се доближува една жена и му става нешто врз лицето. Тој почина кусо време потоа, на пат кон болница.
При аутопсијата, на лицето и во очите на Ким Џонг-нам беа откриени траги од Ви Екс.
Науерт истакна дека „Вашингтон на 22 февруари 2018 година утврди дека Владата на Северна Кореја ја употребила таа материја за убиството на Ким Џонг-нам“.
- Ова јавно манифестирање на презир кон универзалните норми против употребата на хемиско оружје е нов доказ за непромисленоста на Северна Кореја и нагласува дека не смееме да си дозволиме да ја толерираме севернокорејската програма за оружје за масовно уништување од каков и да е вид, рече Науерт.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228