Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на социјалните мрежи сподели дека населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се без вода за пиење и побара итна интервенција од ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје. Во спротивно најави дека ќе ги поддржи граѓаните во преземање на сите демократски методи и најави можна организација на протести.
- Изминатите денови сме сведоци на крајно загрижувачка состојба во повеќе населени места: Црешево, Смилковци, Ченто, Автокоманда, Железара и Маџари. Овие населби се оставени без основна човекова потреба – вода за пиење.
Во услови на екстремно високи температури, ваквата состојба е не само недозволива, туку и срамна. Недостатокот на вода претставува директна закана по здравјето и достоинството на нашите сограѓани. Причината е јасна – нема доволни количини на вода, а решението лежи во рацете на ЈП Водовод и канализација и Град Скопје. Ги потсетувам овие институции дека не постојат за сами себе, туку за граѓаните. Како градоначалник, избран од народот, им порачувам: проблемите на граѓаните се и мои проблеми. Затоа денес, јавно и јасно упатувам апел за итно постапување. Бараме итна интервенција и решение! Доколку оваа состојба не се реши веднаш, ќе го поддржам народот во превземањето на сите демократски методи. Ќе излеземе на улица!, стои во објавата.
Институциите кои молчат, дополнува тој, ќе се соочат со гневот и незадоволството на граѓаните. - Нема да дозволам никој да биде оставен без вода во 21 век, во главниот град на Македонија! Ова не е политичко прашање – ова е прашање на живот. Граѓаните заслужуваат почит, а не игноранција, пишува Стефковски.
За населеното место Булачани, наведува дека причина за недостатокот на вода за пиење се несовесни граѓани. Во ова населено место ЈКП Гази Баба заедно со инспекцијата ќе спроведе теренски контроли и ќе ги санкционира сите оние кои во вечерните часови несовесно користат големи количини на вода, најавува градоначалникот Стефковски,
Ново на Сител
-

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
-

Најстудено на Попова Шапка
-

На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
-

Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа
-

МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
