Стефковски со поддршка за пензионерите: Нивните барања се и мои барања
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски даде поддршка на барањата на пензионерите кои изминатиот период протестираат насекаде низ Македонија.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ДОСТОИНСТВЕНИ ПЕНЗИИ, А НЕ МИЛОСТ ОД ДРЖАВАТА!
Изразувам силна поддршка на барањата на пензионерите кои изминатиот период протестираат насекаде низ Македонија, барајќи покачување на пензиите.
Нивните барања се и мои барања! Тие се реални и треба да се реализираат.
Во услови кога инфлацијата е во постојан раст, цените во маркетите се менуваат, не прифатливо и понижувачки е покачувањето на пензиите на пензионерите за шест проценти!
Луѓето од третата доба од животот, заслужуваат достоинствен живот, а не како денес кога тие се на работ на егистенцијата.
Имајќи ја предвид економската моќ на населението, како и овие услови кога сите сме соочени со силната инфлација која го јаде трудот на работникот, тогаш реално е барањето за процентуално подеднакво покачување на пензиите за сите пензионери! - напиша Стефковски.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
