Стефковски ги зголемува платите на вработените во Гази Баба
Денес 20.07.2022 година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со преставници на Синдикалната организација на општина Гази Баба потпишаа измени на Колективниот договор со кои се врши линеарно зголемување на платите на вработените во општинската администрација за 2800 денари.
За потпишувањето градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Вработените во општина Гази Баба ќе добијат повисоки плати за 2800 денари
Утрово заедно со преставници на Синдикалната организација во општина Гази Баба потпишавме измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација за 2800 денари.
Високата инфлација, ценовниот шок и општото зголемување на животната потрошувачка беше она што ме водеше при донесување на одлуката за зголемување на платите.
Покрај ова верувам дека со оваа мерка дополнително ќе се мотивираат вработените во администрацијата кои изминатите месеци посветено работат на реализација на проектите. - напиша Стефковски
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
