Стефковски: Дојави за бомби има во сите 11 училишта во Гази Баба
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека се пристигнати дојави за бомби во сите 11 училишта на територија на општина Гази Баба.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
Во овој момент ме информираа дека во сите 11 општински основни училишта на територија на општина Гази Баба има пристигнато дојави за поставени бомби.
Од страна на директорите на училиштата веднаш се спроведени протоколите за евакуација на учениците и сите дечиња во овој момент се надвор од училишните згради и се на безбедно.
За пристигнатите дојави е пријавено во надлежните институции и се очекува да започнат проверките на терен.
Изразувам најостра осуда кон креаторите на ваквите појави. Ова е недозволиво!
Апелирам и барам, надлежните институции да превземат итни и неодложни чекори и мерки со цел оваа појава час поскоро да запре. Недозволиво е вакви појави веќе подолг период да ги вознемируваат учениците и родителите, напиша Стефковски.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Неготино
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда од куќа и се здобил со тешки телесни повреди
-
Не застанале на знак за сопирање од страна на полиција, и притоа фрлиле марихуана од возилото во движење, кривична за две лица
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
-
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја