Стефановиќ: Премиерот Вучиќ го помина полиграфот на обвинувањата на „Курир“

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ го поддржал полиграфското тестирање, по повод обвиненијата кои неодамна се изнесени во дневниот весник „Курир“ дека учествувал во „притисоци, уцени и изнудување на противправен исказ“ од поранешниот директор на овој дневен весник, јави Танјуг.
- Детекторот на лага потврди дека премиерот на Србија не го познава поранешниот директор на „Курир“, оти никогаш не се сретнал со него и оти никогаш не му нудел било што да кого било лажно обвини, изјави денеска Стефановиќ.
Стефановиќ изјави дека полицијата ќе спроведе детална и брза истрага, која ќе покаже кој и со каква цел го организирал ширењето на лагата против премиерот и обидот да се дестабилизира земјата.
- Полицијата ќе се обиде да дојде и до Александар Корниц, да го сослуша и по поднесувањето извештај очекувам дека обвинителството ќе се изјасни за нашата работа и квалификација на делата, истакна Стефановиќ.
Тој го потврди апсењето на припадник на барската криминална група, кој во 24 часот е затечен во осум наврати на приодот на семејниот дом на Вучиќ.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
