Стефановиќ: По Харадинај постои активна потерница од српски суд

Доколку Рамуш Харадинај биде достапен за српските органи за прогон, тој ќе биде уапсен бидејќи за него постои активна потерница од српски суд, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Тој додаде дека Србија ќе бара од Интерпол да ја ревидира својата одлука и изрази уверување дека државата повторно ќе има активна потерница што ќе биде видлива во секоја држава во светот.
– Доколку Рамуш Харадинај биде каде било достапен за нашите органи за прогон, ние ќе го уапсиме бидејќи за него постои активна потерница од српски суд, изјави Стефановиќ.
Тој нагласи дека в понеделник ќе разговара со министерката за правда да се обнови жалбата и да ги потсетат во Интерпол „поради што е распишана потерница за Харадинај“.
Комисија за контрола на меѓународни потреници во Лион усвои жалба на УНМИК и на 1 декември одлучиле Интерпол да не ја третира таа потерница односно дека ќе ја избрише од системот.
Премиерот на Косово Рамуш Харадинај изјави синоќа дека службено не е информиран за укинување на потерницата од Интерпол против него и уште 17 луѓе од Косово.
– Слушнав од медиуми. Воопшто не се занимавам со тоа прашање, изјави тој за косовски медиуми.
Ново на Сител
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
-

Од отпад до „црно злато“: Рецепт за здрава Преспа
-

Итно да се преземат еврокодовите за поголема безбедност на градилиштата
