-->
-->
Ставрев ќе го суди дрбито Шкендија – Работнички
-->

Еден од најдобрите македонски аритри Александар Ставрев ќе го суди дербито меѓу Шкендија и Работнички.
Долгогодишниот меѓународен македонски судија Ставрев заедно со помошниците Маријан Кировски и Дејан Костадинов, ќе ја делат правдата на дуелот од 1.коло во разигрвањето, односно плејофот во Првата македонска фудбалска лига, во кое Шкендија ќе го пречека составот на Работнички, екипи кои пак на 29 мај на арената „Филип Втори’’ во Скопје ќе играат во финалето на националниот куп.
Дуелот во Тетово ќе се игра утре, а е еден од трите од оваа рунда. Во другите два, Вардар ја пречекува штипска Брегалница, а во Кратово, во меч во кој двете екипи се борат за третото место, Силекс е домаќин на Шкупи.
Четирите екипи во долниот дел од табелата ќе се борат за опстанок, а двојките за 1.коло во плејаутот се: Хоризонт Турново – Младост и Ренова – Металург.
Сите натпревари ќе започнат од 16 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
