Ставен под контрола пожарот кај Црник

Голем шумски пожар попладнево избувнал во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци.
Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе биле ангажирани на пожарот кај селото Бигла во Делчевско.
Тој изјави дека по добиената информација, дел од силите биле повлечени и упатени кон пожарот кај Црник. Во гаснењето се вклучиле Територијалната противпожарна единица од Берово, шумските претпријатија од Пехчево и Берово, како и доброволци од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.
На барање на градоначалникот, во гаснењето интервенирале и ер-трактори, кои претходно биле ангажирани на пожарот кај Бигла. Леталата извршиле повеќе налети и исфрлиле вода врз огнената линија, со што помогнале пожарот да биде локализиран и ставен под контрола.
Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, станува збор за пожар во борова шума кој зафатил голема површина. Тој предупреди дека опасноста сè уште не е целосно мината.
-Се уште се гледа чад. Се надевам дека пожарот е добро заокружен, дека нема да побегне надвор, рече Ангелов. Притоа посочи дека пожарите во борова шума, според досегашното искуство, тешко се гаснат.
Се планира овој пожар целосно да биде изгаснат во текот на утрешниот ден.
MИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
