Балкан
11. April 2017 - 11:53

"Ставај уште Вучиќ да има 90%" - се појави снимка со полнење на избирачки кутии во Србија

По повод оваа снимка, Министерството за внатрешни работи на Република Србија во соработка со Обвинителството покрена истрага.

На Твитер ова веројатно е најсподелувано видео во Србија на кое се гледа полнење на избирачки кутии, што Министерството за внатрешни работи моментално истражува.

На снимката се гледаат две лица кои полнат гласачка кутија со листови на кои веќе е заокружен бројот 6. За тоа време тие цело време зборуваат: "ставај уште да имаме 90%".

Полицијата ги превзема сите мерки и активности за расчистување на овој случај, како и утрвдување дали станува збор за вистински гласачки листови и кои се личностите кои можат да се слушнат на снимката која се појави на социјалната мрежа.