„Статуафест“ на улица „Македонија“
Живи статуи од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина и Македонија ќе учествуваат на фестивалот „Статуафест - другото лице на улицата“ кој денеска и утре од 18 часот до полноќ ќе се одржува на улица „Македонија“ во организација на „Театроск“.
- Она што го прави овој фестивал поразличен од останатите е неговиот формат, односно живите статуи кои ќе го разубават градот и ќе ја покажат специфичноста на оваа професија пред македонската публика, соопшти „Театроск“, кој повеќе од десет години се занимава со живи статуи и на фестивалот ќе ја презентира и својата продукција.
Целта на организаторот е да го развие овој вид уличен фестивал во Скопје по примерот на европските центри.
Покрај живи статуи, фестивалот ќе има и музичка програма со настапи на диџеи и бендови. Покровител е Град Скопје и се организира со поддршка на спонзори.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд