Македонија
28. November 2018 - 16:30

Стартуваше процесот за помирување, првата средба заврши без договор за амнестија

Нема закон за амнестија за 27 април по првиот работен состанок на собраниската група за помирување, реформи и интеграција во Собранието.  Помирувањето ќе ја чека наредната средбата на пратениците во петок. Тогаш ќе биде присутен и премиерот Зоран Заев кој треба на 8-темина пратеници излезени од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да им ја образложи својата идеја за тоа како да се изведе скалестата амнестија која тој ја заговара.

Уставните измени, помирувањето и реформите се условени процеси, а не бланко потписи за поддршка на измените на Уставот, тврдат од независната група на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемиот проблем со кој се соочува интерпарланентарната групата е како да се предвиди амнестија за оние инволвирани кои не учествувале во насилството, а преквалификација на делото за останатите без парламентот да се замеша во судската власт.

Во интерпарламентарната група не учествуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Но лидерот Хрстијан Мицкоски вели дека ќе поддржат решение и од оваа група доколку со него се прекине политичкиот прогон. Тојверува во компактноста на пратеничкјата група и средбите на експартиските функцинери Јанчев и Тодров со Заев за охрабрување на нови пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за промените на Уставот.

Интерпарламентарата група денеска одлучила само да се формираат три подргрупи: првата за помирувањето, втората за интеграции која во најголем дел ќе се посвети на амандманите на Уставот и третата за реформските закони за кои е потебно дво-третинско мнозинство.