Стартуваат активностите за санација на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро
Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Охрид и официјално го означи почетокот на активностите за санација на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.
Во обраќањето пред присутните тој истакна дека Охридскиот регион е трајно богатство од посебно значење што мора да биде заштитено од негрижа и недејствување. Езерото и заштитеното подрачје од УНЕСКО, како што истакна, се наша гордост но и грижа на сите нас, така што мораме да покажеме дека знаеме да се грижиме за своите скапоцености.
– После неполна година конкретни подготовки и барања најдобри решенија, како и обезбедување финансиски средства, започнуваат работите за чистење и реконструкција на Колекторскиот систем од наслагите и корењата од дрвјата, како и санација на самиот цевковод. Ќе бидат заменети и поправени редукторите на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за третман на отпадните води во Враништа и комплетно чистење на канализациската мрежа во Охрид, Струга и Дебрца во должина од околу 300 километри, појасни тој.
Што се однесува на финансискиот дел од активностите, за оваа намена се обезбедени 4,2 милиони евра од буџетот, преку АД за деловен простор што од остварената добивка ги отстапува средствата за Колекторскиот систем.
– Парите се ваши, од буџетот од јавните претпријатија. Овој значаен и сериозен зафат го преземаме затоа што негрижата на системот создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и природните реткости во неговото опкружување, рече Заев.
Активностите за санација на терен ќе ги врши фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватска компанија „Инд Еко“ од Ријека што работи на санација на системи за канализациски и системи за одвод на атмостферска вода.
Санацијата ќе се врши со најсовремена технологија, со чистење на цевководот одвнатре без ископ на постојната мрежа. Во постоечките колекторски цевки ќе се вметнува специјален непропусен полиуретански материјал, што ќе спречува излевање на отпадните води надвор од системот, но и навлегување атмосферска вода во него.
Директорот на компанијата изведувач Жељко Шмитран појасни дека мошне е важно во целиот процес што со оваа технологија целосно ќе се затворат сите евентуални дупки во цевководот, но и критичните точки каде се спојуваат цевките.
– Оваа технологија ја работиме 15 години, но за прв пат во Македонија. Главна нејзина предност е што притоа нема да се уништува надземна и подземна инфраструктура, а работата ќе се одвива многу побргу од класичното ископување и замена на цевките. Притоа обезбедуваме и гарантираме целосна непропусливост на цевките од инфлистрација или ексфилтрација, рече тој.
Во рамки на проектот првично ќе се работи на делница од три километри од системот што се најкритични, целосно затнати односно нефункционални, а после репарирањето на препумпните станици да се рестартира системот. Дел од проектот предвидува и чистење на секундарните канализациски мрежи во Охрид и Струга, а се во насока повторно стартување и заштита на Колекторскиот систем за заштита на езерото.
Со реконстуираниот Колекторски систем ќе стопанисува новоформирано јавно претпријатие, целосно исчистено од долговите што ги имаше кон поранешното меѓуопштинско претпријатие „Проаква“ под чија ингеренција работеше во минатото.
Премиерот Заев денеска во Охрид присуствуваше и на свеченоста по повод пуштањето во употреба на новоизградениот покриен пазар, изграден по пат на јавно приватно партнерство.
Ново на Сител
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано
-
Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска
-
Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина
-
Гранати од Втора светска војна пронајдени во Гостивар
-
Загина 56 годишна жена од Гевгелија, со возило излетала од пат
-
Учество на собраниска Делегација во ПС на НАТО на 70. годишна сесија во Монтреал, Канада