Ракомет
12. January 2018 - 9:11

Стартува 13-тото Европско првенство за ракометари

 
Со четири натпревари кои ќе се играат попладнево во Сплит и Пореч, ќе започне 13-тото Европското првенство за ракометари. 
 
На шампионатот на кој ќе учествуваат шеснаесет репрезентации, ќе настапи и селекцијата на Македонија, која своите средби од првата фаза ќе ги игра во Загреб, каде за противници редоследно ќе ги има Словенија, Црна Гора и Германија. 
 
Селекциите се поделени во четири групи, од кои само најслабо пласираните нема да минат во главната фаза. 
 
Денеска на програмата се дуелите во А и Б конкуренцијата, а двојките се: 
 
А група (Сплит): Шведска – Исланд (од 18:15 часот) и Хрватска – Србија (20:30 часот)
 
Б група (Пореч): Белорусија – Австрија (од 18:15 часот) и Франција – Норвешка  (20:30 часот).
 
Средбите од 1.коло во Ц и Д групите на програмата се утре.