Тенис
15. September 2015 - 15:14

Стартна победа за Ѓорческа во Подгорица

Лина Ѓорческа на фјучрсот во Подгорица (награден фонд 25.000 долари) ја совлада првата противничка Ксенија Оберсон од Швајцарија со 6:0 и 6:1 во гемови. Таа во второто коло ќе игра против Доротеа Ериќ од Србија која со 2-0 во сетови (6:4 и 6:0) ја победи осмата носителка Дениз Казаниук од Израел. 

Ѓорческа во двојки ќе настапи со Мелис Сезер од Турција и утре ќе имаат настап во четвртфиналето.