-->
-->
Стартна победа на Ѓорческа на фјучрсот во Валенсија
-->
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (трета носителка) успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во Валенсија (награден фонд 25.000 долари). Таа во првото коло ја победи Башак Ерајдин од Турција со 2-0 во сетови за 88 минути игра. Ѓорческа двата сета ги доби со 6:2 и 7:5 во гемови. Во следното коло таа ќе игра против победничката од мечот што се игра попладнево меѓу Јасмине Паолини (Италија) и Паула Ариа Манјон (Шпанија).
Во конкуренција на двојки Ѓорческа заедно со Галина Воскобоева од Казахстан како први носителки ќе играат против Олга Саез Лара (Шпанија) и Мелани Стоке (Норвешка).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени 13 лица на две домашни забави во Скопје
-
Уапсени тројца дилери од Скопје
-
Велешанец уапсен при кражба во Прилеп
-
Тешка сообраќајка во Прилеп, повредени три лица
-
Голомразица на патиштата во гевгелиско, интервенирано со сол и песок
-
Во Скопје санкционирани 213 возачи, 23 за возење без возачка дозвола
-
МВР изрече 306 казни за неносење маска
-
Затворен угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време и внатре имало 29 гости