-->
-->
Стариџ обвинет за обложување на фудбалски натпревари
-->

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е обвинет дека го прекршил правилото на англиското фудбалско здружение за обложување на фудбалски натпревари.
Правилото наведува дека фудбалер „нема право да се обложува директно или индиректно или да му наложи или да дозволи друго лице да се обложува“ на фудбалски натпревари.
Уште едно правило им забранува на играчите да обезбедуваат информации за фудбалски натпревари кои не станале јавни за обложувачите.
Обвинението е за јануари 2018 година. Страриџ има време до 6 часот по англиско време на 20 ноември, за да одговори на обвиненијата.
Во официјалната изјава на Ливерпул, напаѓачот „категорично изјавил дека никогаш не се обложувал на фудбалски мечеви“.
Клубот додава дека Стариџ целосно соработува за решавање на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски