Македонија
21. November 2019 - 18:05

Старец пронајден во бесознание во зачадена соба во куќа во гевгелиско Семемлија

Вчера околу 12.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во зачадена просторија во куќа на ул.„Солунска“ во с.Селемлија, гевгелиско, бил пронајден Б.Л.(83), во бесвесна состојба, без изгореници.

Тој бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување лекарска помош.

Според пријавеното од неговото семејство, тој боледувал од склероза и бил делумно подвижен.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.