Стано: Приоритет на Косово во надворешната политика треба да биде дијалогот со Србија
Европската унија смета дека новите косовски институции треба да ја искористат можноста која таа им ја нуди со посредувањето во дијалогот со Србија, за да се дојде до успешен договор за помирување меѓу двете држави, порача портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Петер Стано.
Стано за телевизијата Клан Косова изјави дека приоритетите кои ги определил премиерот Албин Курти се многу значајни за Косово на внатрешен план, но дијалогот со Белград треба да биде главниот приоритет на косовската надворешна политика.
– Внатрешните приоритети на Курти се многу значајни. Меѓутоа, во исто време, дијалогот е најбитниот приоритет на надворешната политика на Косово и не треба да се гледа како одвоен или како нешто што не е во согласност со другите приоритети кои ги спомeна премиерот, изјави Стано.
Курти на вчерашната виртуелна средба со шефовите на дипломатските мисии на ЕУ во Косово, на која учествуваше и неговата заменичка, министерката за надворешни работи Доника Грвала, повтори дека приоритети на неговата Влада се правдата и вработувањето, односно реформите на правниот систем и промоцијата на инвестициите.
Во однос на дијалогот со Белград, Грвала изјави дека го поздравува интересот на УЕ, но дека сепак фокусот на Приштина е на борбата против пандемијата, економскиот развој и реформите во законодавството.
Меѓутоа, како што наведува Клан Косова, Брисел очекува поинакво фокусирање на косовските власти во надворешната политика.
– ЕУ и земјите членки очекуваат новите власти во Приштина да се ангажираат на конструктивен начин со цел да продолжат средбите во рамките на дијалогот олеснет од ЕУ и да ја искористат можноста која е пред нив за да го доведат овој значаен процес до еден успешен исход, изјави Стано.
Информациите за датумот и агендата на наредната средба на претставниците на Косово и Србија, рече Стано, ќе бидат соопштени „во прикладно време“.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување