Стајкурас: Грција по 12 години се враќа во европската нормала и повеќе не е исклучок во еврозоната
Факт е постигнувањето на уште една голема национална цел, вели министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас за излезот на земјата на 20 август од режимот на зголемен надзор и додава дека Грција, по 12 години се враќа во европската нормала и повеќе не е исклучок во еврозоната, јави дописничката на МИА од Атина.
Стајкурас објаснува дека пред неколку дена добил писмо од извршниот потпретседател на Европската комисија Валдис Домбровскис и од комесарот за економија Паоло Џентилони во кое го потврдиле излезот на Грција од режимот на зголемен надзор и посочиле дека земјата го испорачала најголемиот дел од политичките обврски кон Еврогрупата, дека ефикасно ги спровела реформите и значително ја зајакна отпорноста на нејзината економија.
-Со оваа разврска, заедно со предвремената отплата на кредитите од Меѓународниот монетарен фонд и укинувањето на капиталните ограничувања, по 12 години, се затвора тешко поглавје за нашата земја. Грција се враќа во европската нормалност и престанува да биде исклучок во еврозоната, вели Стајкурас.
Објаснува дека излезот од засилениот надзор „ја зајакнува позицијата на Грција на меѓународните пазари, обезбедува дополнителен поттик за нејзината динамика на раст и привлекување инвестиции, дава степени на слобода во водењето на економската политика и го носи поблиску постигнувањето на последната цел, односно обновувањето на инвестициската оценка.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста