Стационар за бездомни животни ќе се гради во Валандово наместо во Гевгелија
Стационарите за згрижување бездомни животни планирани со проект на Југоисточниот плански регион ќе се градат во Вландово и Струмица, наместо предвиденото во Гевгелија и Струмица.
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков информира дека тоа произлегло поради појавените пречки при обезбедување на локацијата.
Поцков истакна дека за одбележување е подготвеноста на општина Валандово да го прифати регионалниот стационар на своја територија и дека лично ја поздравува одлуката на локалната самоуправа во Валандово.
Еден дел од средствата за работа на стационарите во Валандово и Струмица ќе ги обезбедуваат десетте општини од регионот, а другиот дел ќе биде на товар на државата преку Југоисточниот плански регион.
– До реализацијата на овој проект, гевгелиски „Комуналец“ забрзано го приспособува времениот објект за стационирање кај Сува Река каде по третирање од страна на надлежната ветеринарна станица ќе се згрижуваат бездомните животни во соработка со невладините организации.
Ново на Сител
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб
-
СДСМ ја повикува власта да ги поддржат мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
ВМРО-ДПМНЕ поднесува повеќе законски измени
-
Перински: Општините веќе имаат поднесено дваестина апликации за финансирање на инфраструктурни проекти
-
Во Штип ќе се градат три паркови со европски пари