-->
-->
Стабилизирана состојбата со водоснабдувањето на Кочани
-->
По 14-часовен прекин во Кочани и уште неколку населени места кои се снабдуваат со вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем, состојбата е повторно нормализирана.
До прекинот дојде поради електричните празнења во текот на ноќните часови кога Кочани и околината ги зафати пороен дожд со грмотевици.
- Прекинот на водоснабдувањето повторно е воспоставен благодарение на ажурноста на екипите на ЕВН Македонија кои од изутринава работеа на терен. Се работеше за дефект на далекуводот со кој пупната станица во Грдовски орман се снабдува со електрична енергија, изјави Љупчо Папазов, директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани.
Според него, по санацијата на водоснабдителниот систем и поставувањето на новиот цевкјовод во близина на Грдовски орман, во 2013 година, досега се нема случено поголема хаварија на водоснабдителниот систем.
Папазов истакна дека до 16 часот ќе биде целосно нормализирана состојбата со водата за пиење, бидејки до тогаш очекуваат да се стабилизира во целост системот и ќе се наполнат резервоарите.
Водоснабдителниот систем на Кочани располага со бунарски систем со издажност од 250 литри вода во секунда. Потрошувачката и во овие летни месеци е од 150 до максимални 180 литри вода во секунда. Сепак е потребно граѓаните и натаму да се придржуваат кон апелот на „Водовод“ за рационално и потедливо користење на водата за пиење, а не за полевање на бавчите и градините во доцните вечерни часови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци