ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до сопствениците, менаџерите и уредниците на медиумите да не ги испраќаат своите екипи на терен ако за тоа не се создадени услови со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран.
Во исто време ги повикува и политичките и општествените чинители да избегнуваат настани на отворено, но и случувања кои бараат подолг престој на простор на кој температурите се високи.
- Предлагаме настаните предвидени од претходно да се ревидираат, да се намалат или да се преместат на локации на кои има услови за работа на медиумските екипи, велат од ССНМ.
Оттаму бараат ако веќе мора да се известува во живо, новинарите и медиумските работници да бидат соодветно опремени од своите медиуми, да им биде обезбеден превоз, да им се обезбеди освежување со цел да се избегнат ситуации во кои ќе биде загрозено нивното здравје.
Исто така бараат новинарските екипи кои известуваат за пожарите да бидат соодветно заштитени, односно да им бидат обезбедени маски и заштитни очила, а медиумите да се трудат да испраќаат замена за репортерите на пократки временски периоди, особено кога станува збор за опасни ситуации во кои од пожарите се шират отровни гасови.
- За сите случаи во кои ќе бидат нарушени основните услови за работа на новинарите, снимателите, фоторепортерите и останатите лица ангажирани во процесот на известување, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе реагира и ќе ги пријави до надлежните институции, се наведува во соопштението од ССНМ.
МИА
Ново на Сител
-

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
-

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежна иднина
-

Зеленски: Секаков компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум
-

Ѓорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд, немаат дозвола за вршење дејност
-

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд
-

Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште
-

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
-

Бугарската влада на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
